Родово одговорното буџетирање е процес на интегрирање на родовата перспектива во сите фази на планирање, донесување и извршување на општинските буџети. Целта е да се осигура јавните пари да се трошат на начин што потполно ги адресира потребите на мажите и жените во заедницата- Тодор Цонев, претседател на здружение „Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница.

Затоа, во изминатите две години Здружението ИНИ во партнерство со  Гласен текстилец и ЕХО Штип го спроведува проектот Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ во општините Штип, Виница и Делчево, а како здружение го спроведуваме проектот во Виница.

Виница е град од кој во изминатите 20 години над 30% од населението се има иселено, во Италија, Швајцарија и други европски земји а внатрешната раселеност е застапена во помал процент. Оние што се останати не се чувствуваат доволно вклучени во носењето на одлуки на локално ниво.

Проектот има за цел мобилизација и развивање на критичко  и независно мислење кај жени и девојки за активно учество во креирањето на локалните политики и преземање на активна улога во решавање на родово сензитивни проблеми.

Во изминатите две години се реализирани следните активности:

  • Потпишан е Меморандум за соработка со општина Виница;
  • Спроведена е проценка на локалните потреби и проблеми на жените и девојките во надлежност на општина Виница;
  • Создадено е јадро на женски активистки, кои се едуцирани за (Можности и форми за учество на граѓаните во креирањето на локалните политики; Родова анализа и родово сензитивни политики; Родово одговорно буџетирање и родово буџетски иницијативи; Застапување за родово одговорни политики и родово одговорен буџет)
  • Идентификувани се главните проблеми и потреби на жените и девојките од општина Виница;
  • Изработени се предлог буџетски иницијативи кои ги таргетираат главните приоритети на жените и девојките од Виница за наредната буџетска година;
  • Реализирана е една регионална конференција(Источен регион);

Клучните области кои беа детектирани во однос на тоа каде локалните власти од општина Виница потфрлаат и каде се потребни итни и суштински промени се:

  • Обележување на паркинг места за лица со физичка попреченост и мајки со деца пред јавни објекти;
  • Зголемување на проодноста на тротоарите со ослободување на паркираните возила и нивно прилагодување на со пешачките премини;
  • Кампања за подигнување на јавната свест за Родово базирано и семејно насилство;
  • Обезбедување на психосоцијална поддршка за жртви на Родово базирано и семејно насилство;
  • Отворање на дневен центар за стари и изнемоштени лица;
  • Обезбедување на сервис за поддршка на стари и изнемоштени лица во домот;
  • Вклучување на повеќе жени во урбаните и месните заедници;

Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.