Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

 

Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници.

Date: јули 1, 2020
Client: Текстилни работници
Project Type: Ковид 19, работнички права, мерки и уредби.

Период на имплементација:

1 јули 2020 - 30 јуни 2021.

Активности:

  • Административна подготовка на  проектните активности.
  • Организирање на  5 фокус групи заедно со ЗМАИ.
  • Следење и застапување на судски случаи.
  • Подготовка на инфографик за работата на институциите.
  • Средби со текстилни работнички за правно застапување и  совети.
  • Две видеa за состојбата на работничките права за време на пандемија.
  • Изготвување и печатење правни совети од донесени мерки и уредби за подобро запознавање на вработените со права кои им следуваат од Законот за работни односи и донесени уредби од Владата на РСМ.

Цели:

  1. Лобирање, застапување и набљудување на спроведувањето на уредбите и мерките кои се однесуваат на безбедност на работно место, почитување на работнички права и исплата на плати за време на пандемијата од Ковид – 19;
  2. Обебедување на правна помош  и застапување во граѓански и кривични постапки за остварување на права од работен однос и кривични дела поврзани со работен однос ;
  3. Собирање на информации и податоци за работењето на институциите надлежни за спроведување на мерките, уредбите и препораките од Владата.

Специфични цели:

  1. Обебедување на правна помош  и застапување во граѓански и кривични постапки за остварување на права од работен однос и кривични дела поврзани со работен однос.
  2.  Собирање на информации и податоци за работењето на институциите надлежни за спроведување на мерките, уредбите и препораките од Владата.

Резултати:

  1. Воспоставување на судска пракса за непочитување на мерки, уредби во   кривични и граѓански постапки  за непочитување на истите;
  2. Изработка на инфографик за  работењето и транспарентноста на институциите;
  3. Правно зајакнување на текстилните работници/чки.

Публикации:

 

Галерија: