Коалиции, мрежи и соработка со други оргaнизации

Мрежи и коалиции:

  1. Дел сме од Коалицијата за родова еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ (ЕКВАПРО); Повеќе на линкот.
  2. Дел сме од конзорциум на граѓански организации кои го реализираат проектот #ФорумЗаГраѓанскиДијалог, предводен од НВО Инфоцентар, а составен од други 5 организации, кои локално работат и следат програми на кандидати за градоначалници и подоцна нивното реализирање. Конзорциумот е финансиран од Олоф Палме Центарот.
  3. Изминативе 3 години бевме дел од коалицијата за борба против родово – базираната дискриминација на пазарот на трудот предводена од Реактор – истражување во акција и Косовската мрежа на жените, а составена од други 6 организации од западен Балкан кои работат на полето за унапредување на женските работнички права и родовата еднаквост. Бевме дел преку нивната мрежа за субгрантирање. Повеќе за акцијата можете да погледнете тука.
  4. Дел сме од Комитетот за пристојна работа на работничките при Националната платформа за женско претприемништво, Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП) и партнерите, Здружение на бизнис жени и Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Ви благодариме што прифативте да бидете член на Комитетот за пристојна работа за жени работнички, кој се формираше во рамки на проектот ,,Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување“, а финансиран од Европската Унија.
  5. Дел сме од мултисекторското тело: Локалното координативно тело за заштита од дискриминација кое функционира на локално ниво во Општина Штип, во рамките на секторот за родова еднаквост.

Заеднички/партнерски проекти:

  1. Хелсиншки комитет за човекови права: проект за приправници и нивно мапирање во текстилен сектор, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија, во периодот од 2016-2017 година, каде бевме локални партнери на проектот;
  2. Со Здружение Достоинствен работник: го  реализиравме проектот „Подобрување на работните услови на домашните работници во локалните заедници Прилеп и Штип“, поддржан од ФООМ, за проактивна анализа, едукација, заштита и подобрување на условите за работа на работниците;
  3. Локални партнери на проектот финансиран од Олоф Палме Центар, а имплементиран од НВО Инфо Центар, #ФорумЗаГраѓанскидијалог;
  4. Дел од конзорциумот на Фондација Отворено Општество – Македонија преку проектот: „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените“. Проектот се спроведува во земјите од Западен Балкан, со поддршка од Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на Фондациите Отворено општество;
  5. Заеднички проект/акција за професионални заболувања: Occupational Diseases of Women Garment Workers in Albania and North Macedonia, имплементиран во партнерство со Gender Alliance for Development Center (GADC) од Албанија;

Соработка со други организации/институции и учество во истражувања и активности, издвоени некои од поважните активности:

  1. Брза анализа на преземените и предложени мерки за справување со влијанието на епидемијата од Ковид-19 (второ издание); Изработена од Центарот за истражување и креирање политики, како прво и второ издание;
  2. Млади и Ковид, дел од партнерската мрежа со како дел од партнерството помеѓу Y-PEER и Гласен Текстилец кое е овозможено од UNFPA MK беа направени активности со главен фокус на младите во насока на едукација и поддршка во време на Ковид-19;
  3. Изработена анализа на тема: THE IMPACT OF COVID – 19 ON LOW-PAID AND LABOR INTENSIVE BRANCHES, заедно со Foundation “Friedrich Ebert” Skopje office;
  4. Заедничка акција со Општина Штип и ЕХО Штип, по повод 16 дена активизам;
  5. Заедничка акција со Општина Штип, по повод 8 – Ми Март 2023;
  6. Разни меѓународни студиски посети во организација на Фондацијата Kvinna till Kvinna, Olof Palme Center и други регионални орагнизации.