Преднатоварувач
Прескокни до содржина
default-logo
  • За нас
    • Кои сме
    • Нашиот тим
    • Партнерства и мрежи
    • Транспарентност
      • Годишни извештаи
      • Организациски документи
  • Нашата работа
    • Програми
    • Тековни проекти
    • Завршени проекти
    • Текстилијада
  • Ресурси
    • Публикации
    • Весник „Текстилец“
    • Стрипови
  • Новости и повици
    • Соопштенија и новости
    • Повици
  • Контакт
    • Контактирајте нѐ
    • Пријави корупција
  • EN
  • Гласен Синдикат
EN
Гласен Синдикат
Преднатоварувач

Потпишување на Договори за партнерски грантови со здруженијата ЕХО – едукативно-хуманитарна организација од Штип и Иницијатива на невработени интелектуалци – ИНИ од Виница

  • 18.07.2024
  • Civika Mobilitas, Новости

Во рамките на проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, поддржан од Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, денеска ги потпишавме Договорите за партнерство во рамките на проектот за граѓански ангажман.

Партнерскиот проект „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ ќе биде спроведуван од Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ – Штип, во партнерство со организациите ЕХО – едукативно-хуманитарна организација од Штип и Иницијатива на невработени интелектуалци – ИНИ од Виница.

Проектот има за цел мобилизација и развивање на критичко и независно мислење кај  жени и девојки за активно учество во креирањето на локалните политики и преземање на активна улога во решавање на родово сензитивни проблеми во општините. Проектот ќе се имплементира на териториите на општините Штип, Делчево и Виница, во периодот од 1 јули 2024 година до 31 октомври 2026.

Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ е поддржан од Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

„Гласен Текстилец“ е непрофитно и непартиско здружение основано од текстилни работнички и активисти за човекови права. Се бориме за достоинствена работа, еднаквост и правда.

Брзи линкови

  • Кои сме
  • Нашиот тим
  • Партнерства и мрежи
  • Транспарентност
  • Контакт
  • Пријави корупција

Работа и ресурси

  • Програми
  • Тековни проекти
  • Текстилијада
  • Публикации
  • Весник „Текстилец“
  • Новости и повици

Контакт

+389 75 316 107

info@glasentekstilec.mk

ул. Ванчо Прке бр. 125, Штип

Следи нѐ

Copyright © 2026 Гласен Текстилец. Сите права се задржани.