Заврши циклусот на врснички едукации #ГиЗнамСвоитеРаботничкиПрава #ЈаЗнамСвојатаМоќ со фокус на правата на младите пред првиот работен однос!
Се едуцираа над 300 средношколци од различни училишта од Источен регион, што е навистина импресивно.
Едукациите беа фокусирани на:
🔹 Правата на младите пред првиот работен однос;
🔹 Права и обврски на работникот и работодавачот;
🔹 Препознавање и справување со дискриминација;
🔹 Различни форми на вознемирување на работното место;
🔹 Меѓуврсничко насилство и стратегии за поддршка и заштита.
Работилниците се дел од проектот Организирани граѓани, за организирана иднина. Проектот е финансиран од Олоф Палме Центар и Шведска.

