Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“- Штип, објавува Јавен повик за изработка на анализа која ќе биде дел од проектот „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“.

Description of the engagement

Накратко за анализaта

Ќе бидат спроведени анкетни прашалници од локални жени кои што ќе вршат интервју на целната група, на однапред утврден и дизајниран прашалник, кој ќе се спроведе во делови од источниот регион за да се утврди препознатливоста и распространетоста на мобингот. Ќе се реализира телефонски, на терен и онлајн, со работнички, за да дознаат дали знаат што е мобинг доколку знаат каде се пријава дали биле жртви на мобинг на работното место. Добиените податоци потоа ќе се сумираат, обработуваат и ќе се изработи „Анализа“ која ќе биде испечатена и објавена онлајн. Анализата ќе содржи и препораки кои ќе бидат доставени до надлежните институции и јавно објавени. Ќе бидат ангажирани 5 локални анкетари/текстилни работници кои се од социјално ранливи категории или останале без работа во оваа социо-економска криза, предизвикана од корона вирусот. Овие интервјуери треба да опфатат до 1000 испитаници онлајн и на терен. Онлајн прашалникот ќе го објави Гласен Текстилец на сите социјални мрежи кои ги поседуваат. Експертот ќе ги сумира податоците и ќе го креира прашалникот, како и анализата.

Scope of work and key tasks

  • Изработка на анкетен прашалник;
  • Сумирање, обработка и анализа на податоци заради оценување на знаењето за мобинг (добиени од локалните анкетарки);
  • Комуникација  и тесна соработка со проектниот тим.

Ownership

Анализата  која ќе произлезе од ангажманот ќе останат во сопственост на „Гласен Текстилец“.

Time frame

Ве молиме поставете ја временската рамка (истата да не надминува подолг период од 3 месеци, почнувајќи од јуни/јули 2022)

Qualifications, selection and compensation

  • Високо образование од областа;
  • Искуство во работа со граѓански организации;
  • Претходно искуство во работата со мобинг;
  • Најниската понуда (Гласен Текстилец, го задржува правото да предложи измени во побараната сума за надоместок за експертот, согласно одобрената сума по буџет);
  • „Гласен Текстилец“, надоместокот го исплаќа по завршувањето на целокупниот ангажман.

Пријавување

На електронската адреса vrabotuvanje@glasentekstilec.mk, најдоцна до 05.06.2022. Треба да бидат пополнети и задолжително испратени сите три анекси: методологија, буџет и временска рамка.

Дополнителни информации можете да добиете на електронската адреса: vrabotuvanje@glasentekstilec.mk

Проектот „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“, имплементиран од Гласен Текстилец е поддржан од Реактор - Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).

Оваа објава е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Гласен Текстилец и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.