Познавањето на работничките права е еден од најважните предуслови за нивна навремена и ефикасна заштита, публикација наменета за врснички едукатори во Гласен Текстилец.

Публикацијата „Ги знам своите работнички права, ја знам својата моќ“, издадена од Здружението за заштита на работнички права „Гласен Текстилец“ – Штип, претставува практичен и разбирлив водич низ основните права кои произлегуваат од работниот однос.

Во публикацијата се обработуваат повеќе теми со кои работниците секојдневно се среќаваат, меѓу кои:

  • засновање работен однос и договор за вработување;
  • работно време и прекувремена работа;
  • паузи, дневен и неделен одмор;
  • годишен одмор и отсуства од работа;
  • плата и додатоци на плата;
  • отказ и отказни рокови;
  • постапување во случај на повреда на работничките права;
  • препознавање, последици и заштита од мобинг на работното место.

Посебно внимание е посветено на психичкото вознемирување – мобингот, начините на негово препознавање и механизмите кои им стојат на располагање на работниците за заштита на своето достоинство и права.

Целта на публикацијата е правните информации да им бидат достапни на учениците и врсничките едукатори.

Публикацијата е изработена во рамки на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, имплементиран од „Гласен Текстилец“, со финансиска поддршка од Olof Palme International Center и Шведска.