Услови и критериуми за кандидатите/ките:

  • Најмалку универзитетска диплома по психологија, социјална работа и други сродни области;
  • Најмалку 5 години професионално искуство;
  • Најмалку 3 години искуство во спроведување на обуки поврзани со работата на граѓанскиот сектор.

За предност ќе се сметаат:

  • Познавање на човековите права и родовиот концепт;
  • Да има професионално искуство во граѓанското општество.

Опис на работните обврски:

  • Да се развие интерактивна и детална програма за обука и сите придружни материјали за испорака за тродневна обука;
  • Да се користи интерактивен пристап со учесниците;
  • Да се развие Методологија и програма за обуката;
  • Да ја споделат методологијата и програмата со организаторите од Гласен текстилец. Гласен текстилец го задржува правото да направи промени во предлогот;
  • Да одржи тродневна обука за учесници/вработени;
  • Обуката ќе се одржи на во периодот од 27 до 29 ноември 2024 година;
  • Да подготви наративен извештај за реализираната обука и да го сподели со организаторите не подоцна од 10 декември 2024 година. Извештајот за обуката треба да биде напишан на англиски јазик и превод на македонски јазик.

Компоненти на обуката:

  • Промовирање на здрава и пријатна работна средина и толеранција;
  • Намалување на стрес, предизвикан од работното место;
  • Техники за релаксација;
  • Зголемување на самодовербата;
  • Балансирање на работата со приватниот живот;
  • Само грижа на вработени;
  • Градење на интерперсонални вештини;
  • Менаџирање на време и работни обврски.

Начин на апликација:

Документи:

Прашања и дополнителни информации: