На 2 септември, во Штип бевме домаќини на претставници на шведскиот синдикат IF Metall, Синдикатот на град Суботица и Меѓународниот центар „Олоф Палме“.

Во рамки на посетата, Кристина Ампева од Гласен Текстилец ја претстави работата на Гласен Текстилец и Гласен Синдикат, нашето долгогодишно искуство во заштитата на работничките права, како и предизвиците со кои се соочуваат работниците во приватниот сектор со акцент на текстилната и кожарската индустрија.

Гостите имаа можност да се запознаат и со работата на Синдикалната федерација 5-та Сила, претставена од Донче Стаменков, при што се разговараше за синдикалното организирање, платите и условите за работа, колективното договарање, социјалниот дијалог, затворањето на фабрики и праведната транзиција.

Во текот на студиската посета беа остварени и средби со претставници на синдикални организации од текстилната индустрија и ЈП „Стипион 2011“ Штип, каде беа споделени практични искуства за синдикалното организирање, колективните договори и односите со работодавачите.

Посетата беше можност за размена на искуства и добри практики, градење нови партнерства и зајакнување на регионалната и меѓународната синдикална солидарност.

Го цениме партнерството со IF Metall од Шведска, Синдикатот на град Суботица и Меѓународниот центар Олоф Палме и веруваме дека оваа студиска посета ќе придонесе кон нови заеднички иницијативи и понатамошна соработка.