Истражувањето на „Гласен Текстилец“ дава слика за условите за работа, платите и почитувањето на работничките права во текстилната индустрија. Податоците покажуваат сериозни предизвици: 69,4% од испитаниците работат во секторот повеќе од пет години, 59,3% работат околу 50 часа неделно, а на околу 70% прекувремената работа не им се исплаќа согласно законските одредби. Значителен дел од работниците се соочуваат и со мобинг, дискриминација, ниски примања и финансиска несигурност.
Анализата ги надополнува статистичките податоци со автентични сведоштва на текстилни работнички и интервјуа со активисти и организации, отворајќи ги прашањата за достоинствена плата, синдикално организирање, заштита на работничките права и потребата од посилна институционална реакција.

