Краток опис на проектот:

Проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од Источниот регион 3“ има за цел да придонесе кон подобра заштита на работничките и економските права на жените, особено на жените вработени во текстилната, кожарската, чевларската и другите нископлатени индустрии.

Преку комбинација од бесплатна правна помош, застапување, социјален дијалог, јавно информирање и јакнење на организациските капацитети, проектот работи на подобрување на институционалниот одговор при прекршување на работничките права, мобинг и дискриминација. Посебен акцент се става на економското зајакнување на жените, нивното активно учество во процесите на одлучување и создавање услови за подобри плати, побезбедни работни места и поголема економска независност.

Активности:

Во рамки на проектот се реализираат повеќе поврзани активности:

  • Бесплатна правна помош и поддршка за работници и работнички при прекршување на работничките права, дискриминација и мобинг, вклучително и следење на инспекциски и судски постапки.

  • Водење и развој на база на правни случаи, консултации и исходи за подобро следење на прекршувањата и институционалните реакции.

  • Конференции и тркалезни маси во рамките на Текстилијада и надвор од неа посветени на економските права на жените, родовата еднаквост, условите за работа и социјалниот дијалог.

  • Едукативни активности и работилници, тренинзи за родова еднаквост и родово-базирана дискриминација на пазарот на трудот.
  • Соработка со институции, синдикати, академската заедница и други чинители за подобрување на политиките и механизмите за заштита на работничките права.

  • Брифови и анализи (со линкови):
  • Јакнење на капацитетите на вработените и младите волонтери, изработка на организациски и стратешки документи, политики и водичи, вклучително и обуки  за развој на вработените, за користење современи дигитални и AI алатки за комуникација, визуелизација на податоци и застапување и проектен менаџмент, како и заштита на лични податоци.

  • Кампањи за информирање и подигање на јавната свест за работничките права, економското зајакнување и улогата на жените во економскиот развој.

Целни групи:

Главна целна група се жените работнички од Источниот регион, особено оние кои се соочуваат со прекршување на работничките права, мобинг, дискриминација, ниски примања и несигурно вработување.

Проектот ги вклучува и младите и младите волонтери, работници од други групи, локални и национални институции, Државниот инспекторат за труд, локалната самоуправа, синдикати, работодавачи, академската заедница, граѓански организации и пошироката јавност.

Периоди на имплементација:

    • 01 декември 2020 – 31 декември 2023 година;
    • 01 јануари 2024 – 14 април 2025;
    • 15 април 2025 – 31 март 2028 година.

Контакт: 
blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk

Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на оваа страница е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип.