Преднатоварувач
Преднатоварувач

Стратешко застапување

Стратешко застапување

Од искуствата на работниците до промени во закони, политики, колективни договори и институционални практики.

За програмата

Ги претвораме проблемите што работниците ги пријавуваат на терен во аргументи, предлози и јавни барања за системски промени. Учествуваме во социјалниот дијалог, придонесуваме кон подобрување на законите и политиките, го поддржуваме синдикалното организирање и градиме соработка со институции, локални власти, синдикати и работодавачи. Нашето застапување се темели на реални случаи, правни анализи и директно учество на работниците.

Нашата цел

Да создадеме трајни системски решенија што овозможуваат достоинствени услови за работа, ефективна заштита и силно, независно синдикално организирање.

Што правиме

Специфична цел 1 – Учество во социјалниот дијалог

  • Идентификување и номинирање на претставници на „Гласен Текстилец“ во работната група.
  • Подготовка на анализи и предлози засновани на случаи од пракса (од работнички пријави, правни анализи и сл.).
  • Организирање консултативни средби со членови и други синдикати за формулирање заеднички ставови.
  • Поднесување предлози и амандмани до работната група.
  • Следење на нацрт-верзиите и јавните расправи и објавување на ставови преку медиуми и социјални мрежи.
  • Прибирање на податоци и сведоштва за психосоцијално и сексуално вознемирување на работното место од целни групи.
  • Анализа на добри практики од ЕУ и регионот (Словенија, Хрватска, Бугарија).
  • Изработка на предлог-одредби за дефиниции, постапки и обврски на работодавачите.
  • Учество на состаноци на работната група со стручни лица за труд и ментално здравје.
  • Информативна кампања за подигање на свеста за потребата од законска заштита.
  • Иницирање и упатување формално барање до надлежното министерство и Собранието за отпочнување на процесот.
  • Организирање средби со пратеници, експерти и синдикати за градење поддршка.
  • Изработка на работна верзија на закон со експерти.
  • Мобилизација на членството за јавно застапување (петиции, јавни настани, медиумска промоција).
  • Поднесување иницијатива до надлежна комисија во Собрание.
  • Идентификација на клучните директиви и конвенции (на пр. ILO Конвенција 190, Директива за транспарентни и предвидливи работни услови).
  • Воспоставување соработка со Министерството за европски прашања и Делегацијата на ЕУ.
  • Изработка на паралелни извештаи (shadow reports) за усогласеност на домашните закони.
  • Учество на јавни консултации и национални форуми за усогласување на легислативата.
  • Обука на активисти за правото на ЕУ во трудовиот сектор.
  • Следење на иницијативи за нови подзаконски акти (на пр. правилници за минимални услови за труд, здравје и безбедност).
  • Поднесување на конкретни предлози и решенија засновани на теренски искуства.
  • Вклучување во јавни расправи и работилници организирани од Владата или меѓународни организации.
  • Обезбедување техничка помош на институциите при формулирање на нови решенија.
  • Промоција на нови мерки и политики преку локални и национални медиуми за зголемување на јавната поддршка.

Специфична цел 2 – Синдикално организирање и соработка

  • Идентификување фабрики/претпријатија со критична маса за синдикално организирање.
  • Организирање доверливи средби со работници и работнички.
  • Правна поддршка и информирање за правата и постапката за формирање синдикат.
  • Обезбедување логистичка поддршка за основачки состаноци и избор на раководство.
  • Регистрација на синдикалните организации во надлежните институции.
  • Истражување на индустрии со ниско ниво на синдикализација (угостителство, трговија, услужни дејности).
  • Мапирање на заинтересирани групи и индивидуалци во тие сектори.
  • Кампањи за подигање на свеста и информирање за синдикалните права.
  • Создавање пилот-синдикати и обезбедување правна и техничка поддршка.
  • Вмрежување на новите синдикати во пошироки синдикални мрежи.
  • Дизајн на програма за обука: теми како застапување, колективно договарање, права, лидерство.
  • Ангажирање обучувачи (од домашни и меѓународни синдикати, правници, активисти).
  • Организирање 3-4 регионални обуки годишно.
  • Изработка и дистрибуција на прирачници за синдикално застапување.
  • Следење и менторство на обучените претставници на терен.
  • Формална иницијатива за поврзување на постоечките синдикати во грански сојуз.
  • Изработка на статут и организациски структури на гранскиот синдикат.
  • Одржување конгрес или основачко собрание.
  • Регистрација на гранскиот синдикат согласно законската процедура.
  • Воспоставување постојан секретаријат/канцеларија за координација.
  • Формирање преговарачки тим од синдикалци и правни експерти.
  • Подготовка на барања базирани на теренска анализа и состојбата на работниците.
  • Водење преговори со здруженија на работодавачи во секторот.
  • Организирање консултации со членството за усогласување на ставовите. Потпишување и промоција на новиот грански договор.
  • Вклучување во националното тело/работна група за колективниот договор.
  • Доставување синдикални ставови и предлози.
  • Учество во преговори со другите грански синдикати и организации на работодавачи.
  • Промовирање на синдикалните позиции во медиумите.
  • Следење на имплементацијата по потпишување на договорот.
  • Потпишување меморандуми за разбирање и заедничка акција.
  • Организирање заеднички работилници, јавни настани и кампањи.
  • Учество во меѓусиндикални коалиции за застапување и законски реформи.
  • Размена на информации и ресурси (прирачници, правна помош).
  • Вклучување во трипартитни форуми и иницијативи.

Специфична цел 3 – Застапување на локално ниво и друга соработка

  • Иницирање на дијалог со локалната самоуправа за формирање на советот.
  • Идентификување и ангажирање на релевантни чинители (работодавачи, синдикати, НВО).
  • Изработка на предлог-статут и правила на работа на советот.
  • Организирање на основачка седница и официјално формирање на советот.
  • Организирање на обуки за членовите на советот за улогата и функциите на економско-социјалните совети.
  • Размена на искуства со други општини кои имаат функционални совети.
  • Разработка на план за работа и приоритетни области на делување.
  • Следење и евалуација на активностите на советот за подобрување на неговата ефективност.
  • Организирање на тематски состаноци за идентификување на предизвиците во работните односи.
  • Презентација на добри практики за подобрување на работните услови.
  • Поттикнување на соработка помеѓу работодавачите и синдикатите.
  • Размена на информации за законски обврски и новини во трудовото законодавство.
  • Редовни координациски состаноци за следење на состојбата со работничките права.
  • Иницирање на заеднички проекти за подобрување на условите за работа.
  • Размена на информации за потребите и проблемите на работниците во општината.
  • Вклучување на општинските структури во активности за поддршка на синдикалното организирање.
  • Организирање на редовни средби за размена на информации за прекршувања на работничките права.
  • Поднесување на заеднички извештаи и препораки за подобрување на инспекцискиот надзор.
  • Вклучување на инспекторатот во обуки и кампањи за подигање на свеста.
  • Размена на податоци за трендовите во прекршувањето на трудовите права.
  • Иницирање на заеднички инспекции во ризични сектори.
  • Размена на информации за здравствените ризици на работните места.
  • Организирање на обуки за работниците за заштита на здравјето на работното место.
  • Подготовка на заеднички препораки за подобрување на здравствените услови.
  • Размена на информации за непријавена работа и даночни измами.
  • Организирање на информативни сесии за работниците за нивните даночни обврски и права.
  • Вклучување на Управата во кампањи за подигање на свеста за формалната економија.
  • Подготовка на заеднички анализи за влијанието на сивата економија врз работничките права.
  • Организирање на обуки за работниците за препознавање и пријавување на дискриминација.
  • Подготовка на прирачници и информативни материјали за родова еднаквост на работното место.
  • Вклучување на Комисијата во истражувања за состојбата со дискриминацијата.
  • Иницирање на заеднички кампањи за подигање на свеста за родовата еднаквост.
  • Организирање на средби за размена на информации за типични прекршувања.
  • Поднесување на заеднички препораки за подобрување на процесот на одлучување.
  • Вклучување на Комисиите во обуки за работниците за нивните права и обврски.
  • Размена на податоци за трендовите во прекршувањето на работничките права.