Преднатоварувач
Преднатоварувач

Промоција на работничките права

Промоција на работничките права

Информирани работници, видливи проблеми и јавност што го препознава достоинствениот труд како основно право.

За програмата

Работничките права се остваруваат полесно кога луѓето ги познаваат, кога прекршувањата се видливи и кога јавноста бара одговорност. Преку Текстилијада, теренски средби, едукативни материјали, весникот „Текстилец“, стрипови, училишни активности, видеа и медиумски кампањи, ги доближуваме трудовите права до работниците, младите и пошироката јавност. Го јакнеме гласот на работниците и создаваме простор нивните искуства да стигнат до институциите и јавноста.

Нашата цел

Да изградиме информирана и активна јавност што ги препознава повредите на работничките права и се вклучува во создавање подобри услови за работа.

Што правиме

Специфична цел 1 – Гласен Текстилец спроведува промотивни активности

  • Планирање и координација на годишниот настан, вклучувајќи избор на тема и локација.
  • Организирање на панели, работилници и културни настани со учество на работници, активисти и институции.
  • Вклучување на млади преку конкурси за литература, уметност и музика поврзани со работничките права.
  • Промоција на настанот преку медиуми и социјални мрежи за зголемување на видливоста.
  • Собирање на содржини: интервјуа, анализи и приказни од теренот.
  • Дизајн и печатење на весникот со професионален изглед.
  • Дистрибуција на весникот во текстилни фабрики, училишта и јавни простори.
  • Онлајн објава на весникот за поширока достапност.
  • Развој на сценарио кое ги илустрира предизвиците и правата на работниците.
  • Соработка со илустратори за визуелна реализација на стрипот.
  • Печатење и дистрибуција на стрипот во заедницата и образовните институции.
  • Организирање на изложби и дискусии базирани на темите од стрипот.
  • Дизајн на постери, плакати, летоци и брошури со информации за работничките права.
  • Изработка на инфографици кои визуелно прикажуваат статистики и права.
  • Печатење и дистрибуција на материјалот во фабрики, училишта и јавни простори.
  • Онлајн објава на материјалот за поширока достапност.
  • Идентификација и избор на ученици заинтересирани за работнички права.
  • Организирање на обуки кои ги опфаќаат основите на трудовото право и комуникациски вештини.
  • Обезбедување на материјали и ресурси за едукаторите.
  • Континуирана поддршка и менторство за едукаторите во нивната работа.
  • Организирање на работилници и дискусии водени од врсничките едукатори.
  • Интерактивни активности како квизови и игри за подобро разбирање на темите.
  • Вклучување на наставниците и родителите во едукативните активности.
  • Оценување на ефективноста на едукацијата преку анкети и повратни информации.
  • Организирање на заеднички настани и предавања за студентите.
  • Вклучување на студентите во истражувачки проекти поврзани со работничките права.
  • Размена на информации и ресурси помеѓу организацијата и универзитетот.
  • Промоција на работничките права во академската заедница.
  • Идентификација на актуелни теми и предизвици со кои се соочуваат работниците.
  • Покана на експерти и активисти за учество во дискусиите.
  • Фасилитирање на интерактивни сесии за размена на искуства и идеи.
  • Документирање на заклучоците и препораките од дискусиите.
  •  
  • Планирање на теренски посети во рурални области.
  • Организирање на информативни сесии за работничките права.
  • Собирање на повратни информации и идентификација на специфични потреби.
  • Обезбедување на ресурси и поддршка за овие заедници.
  • Дизајн и развој на лесно достапна и кориснички ориентирана веб-страница.
  • Обезбедување на анонимност и безбедност за корисниците.
  • Интеграција на систем за следење и обработка на пријавите.
  • Промоција на алатката преку социјални мрежи и други канали.

Специфична цел 2 – Присутност на Гласен Текстилец во традиционалните и нетрадиционалните медиуми

  • Идентификација на релевантни телевизиски канали и емисии за потенцијална соработка.
  • Подготовка на предлози за тематски емисии фокусирани на работничките права.
  • Договарање на термини и формати за емитување на емисиите.
  • Следење и евалуација на гледаноста и влијанието на емисиите.
  • Анализа на досегашната активност и ангажман на платформите: Facebook, X (Twitter), TikTok, YouTube.
  • Планирање на содржини според таргет публика и цели на организацијата.
  • Одредување на фреквенција и типови на објави (информативни, едукативни, повици за акција).
  • Мониторинг и адаптација на стратегијата според аналитика и повратни информации.
  • Идентификација на релевантни подкасти кои покриваат теми за работнички права и социјална правда.
  • Контактирање на водителите со предлози за теми и гости од организацијата.
  • Подготовка на говорници за учество во подкастите.
  • Споделување на епизодите преку сопствените комуникациски канали.
  • Развивање на шаблони за брзо и ефективно изготвување на соопштенија.
  • Идентификација на моменти и настани кои бараат јавно обраќање.
  • Дистрибуција на соопштенијата до медиуми и објава на веб-страницата и социјалните мрежи.
  • Следење на медиумското покривање и реакциите на јавноста.
  • Дефинирање на цели и таргет публика за кампањите.
  • Креирање на визуелни и текстуални содржини со јасни пораки.
  • Планирање на времетраење и канали за дистрибуција на кампањите.
  • Евалуација на резултатите преку метрики како досег, ангажман и повратни информации.
  • Мапирање на здруженија кои поседуваат или управуваат со медиумски платформи.
  • Иницирање на партнерства за заедничко креирање и дистрибуција на содржини.
  • Организирање на заеднички настани или кампањи.
  • Размена на искуства и најдобри практики во областа на комуникацијата.
  • Идентификација на теми од интерес за работниците и пошироката јавност.
  • Разработка на сценарија и скрипти за видеата.
  • Снимање и монтажа на видеата со професионален пристап.
  • Дистрибуција на видеата преку YouTube, социјални мрежи и веб-страницата.
  • Планирање на теми и поводи за прес-конференции.
  • Подготовка на говорници и материјали за медиумите.
  • Поканување на релевантни медиуми и новинари.
  • Следење на медиумското покривање и анализа на влијанието.