Преднатоварувач
Преднатоварувач

Родова еднаквост

Родова еднаквост

Еднакви можности, безбедна работна средина и системска заштита од родово базирана дискриминација и насилство.

За програмата

„Гласен Текстилец“ работи на унапредување на родовата еднаквост во работната средина и во локалните заедници, со посебно внимание на жените и девојчињата од руралните и маргинализираните средини. Преку теренска работа, едукација, правна и психосоцијална поддршка, истражување и застапување, создаваме услови жените да ги познаваат своите права, безбедно да ги пријавуваат повредите и активно да учествуваат во носењето одлуки.

Нашата цел

Да ја зголемиме информираноста, да ги зајакнеме жените и девојчињата и да поттикнеме институционална и општествена одговорност за еднаквост и заштита од насилство и дискриминација.

Што правиме

Специфична цел 1 – Подигање на свест за родова еднаквост и заштитни механизми за родово базирано насилство

  • Организирање на работилници и обуки во различни општини, со фокус на рурални и маргинализирани заедници.
  • Разработка и дистрибуција на едукативни материјали (брошури, постери, видеа) за родова еднаквост и спречување на насилство.
  • Ангажирање на локални лидери и активисти за промовирање на родова еднаквост во заедниците.
  • Спроведување на кампањи за рушење на митовите и стереотипите поврзани со родовите улоги.
  • Организирање на форуми и јавни дебати каде работничките можат да ги изразат своите ставови и предлози.
  • Обезбедување на обуки за работничките за разбирање на законодавниот процес и нивната улога во него.
  • Формализирање на канали за комуникација помеѓу работничките и носителите на одлуки на локално и национално ниво.
  • Поддршка на иницијативи за застапување на правата на жените во работната средина.
  • Разработка на програми за обука за препознавање и пријавување на родово базирана дискриминација и насилство.
  • Создавање на менторски програми каде искусни жени ќе ги поддржуваат младите девојки.
  • Организирање на кампањи за подигање на свеста за правата на жените и достапните механизми за заштита.
  • Обезбедување на психосоцијална поддршка за жени и девојчиња кои се соочуваат со дискриминација или насилство.
  • Воспоставување на бесплатни правни клиники или соработка со постоечки организации кои нудат правна помош.
  • Обезбедување на обуки за правниците за спецификите на родово базираното насилство и соодветните правни механизми.
  • Креирање на информативни материјали кои ги објаснуваат правата на жртвите и процесот на пријавување.
  • Соработка со институции за брзо и ефикасно постапување по пријавите на родово базирано насилство.
  • Спроведување на анкети и интервјуа со работнички за идентификување на случаи на дискриминација и насилство.
  • Анализа на постоечките податоци и извештаи за родово базирана дискриминација и насилство на работното место.
  • Публикување на резултатите од истражувањата и препораки за подобрување на состојбата.
  • Соработка со академски институции за спроведување на сеопфатни истражувања.
  • Организирање на обуки и семинари за работодавачи за препознавање и спречување на родово базирана дискриминација и насилство.
  • Разработка на прирачници и водичи за создавање на безбедна и инклузивна работна средина.
  • Промовирање на добри практики и успешни примери на компании кои активно работат на родова еднаквост.
  • Воспоставување на механизми за редовно следење и евалуација на политиките за родова еднаквост во компаниите.
  • Помош во развојот на интерни политики и процедури за пријавување и постапување по случаи на дискриминација и насилство.
  • Обезбедување на обуки за вработените за запознавање со овие механизми и нивната важност.
  • Создавање на доверливи канали за пријавување и поддршка на жртвите.
  • Редовна евалуација и ажурирање на механизмите за да се осигура нивната ефективност.
  • Воспоставување на мрежа на соработка со организации кои нудат психосоцијална и економска поддршка.
  • Размена на информации и ресурси за подобрување на услугите за жртвите.
  • Организирање на заеднички настани и кампањи за подигање на свеста и информирање на јавноста.
  • Обезбедување на континуирана поддршка и следење на случаите преку координирани напори.