Преднатоварувач
Преднатоварувач

Правна помош и зајакнување

Правна помош и правно зајакнување

Бесплатна правна и параправна поддршка за работниците да ги препознаат, побараат и заштитат своите права.

За програмата

Обезбедуваме бесплатни правни информации, советување, параправна помош и поддршка при постапки пред инспекторати, судови и други надлежни институции. Работиме директно со работници и работнички, особено со лица од ранливи и маргинализирани групи, и ги документираме повредите за да овозможиме пристап до правда и системски промени. Преку параправнички од заедницата поттикнуваме информираност, самозастапување и навремено препознавање на прекршувањата.

Нашата цел

Да обезбедиме достапен и доверлив систем на правна и параправна поддршка што ги штити работниците и го јакне нивниот капацитет за самозастапување.

Што правиме

Специфична цел 1 – обезбедување бесплатна правна помош

  • Градење на капацитетите на правната служба на Гласен Текстилец.
  • Отворени денови за правна помош – организирање на редовни термини за консултации со работници и работнички.
  • Изработка на информативни материјали: Подготовка на брошури и прирачници за работнички права.
  • Евиденција на случаи: Водење на база на податоци за пријавени случаи и нивниот статус.
  • Идентификација на стратешки случаи: Избор на случаи со потенцијал за создавање преседан.
  • Ангажирање на адвокати: Склучување договори со адвокати специјализирани во трудово право.
  • Финансиска поддршка: Обезбедување средства за покривање на судски трошоци.
  • Медиумска покриеност: Информирање на јавноста за текот и значењето на случаите.
  • Обука на набљудувачи: Тренинг за следење на судски процеси и евидентирање на неправилности.
  • Изработка на извештаи: Подготовка на анализи за транспарентноста и правичноста на судските постапки.
  • Соработка со институции: Доставување на наоди до релевантни органи за преземање мерки.
  • Јавно информирање: Објавување на резултати од мониторингот за подигање на свеста.
  • Прием на пријави: Создавање на механизам за лесно поднесување на жалби од работници и работнички.
  • Подготовка на документација: Асистенција во собирање на потребните докази за пријавите.
  • Следење на постапките: Континуирано информирање на пријавителите за текот на инспекциите.
  • Анализа на резултати: Евидентирање на исходите и идентификација на повторливи прекршувања.
  •  
  • Идентификација на здравствени ризици: Собирање информации за несоодветни работни услови.
  • Поднесување на пријави: Асистенција во формализирање на жалби до инспекторатот.
  • Соработка со инспектори: Организирање на заеднички посети на работни места.
  • Едукација на работници и работнички: Информирање за здравствени стандарди и права.
  •  
  • Правна евалуација: Анализа на случаи за утврдување на основ за тужба.
  • Подготовка на тужби: Изработка на правни документи и поднесоци.
  • Правно застапување: Обезбедување на адвокатска поддршка во текот на процесот.
  • Следење на пресуди: Анализа на исходите и нивното влијание врз работничките права.
  • Собирање на докази: Интервјуа со сведоци и прибирање на релевантна документација.
  • Изработка на пријави: Формализирање на кривични пријави во соработка со правни експерти.
  • Соработка со обвинителство: Следење на истрагите и обезбедување дополнителни информации по потреба.
  • Јавно информирање: Подигање на свеста за сериозноста на прекршувањата преку медиумски кампањи.
  • Идентификација на дискриминација: Препознавање на случаи на дискриминација, особено на бремени работнички со договори на определено време.
  • Подготовка на пријави: Асистенција во составување на жалби до Комисијата.
  • Следење на постапките: Континуирано информирање на пријавителите за текот и исходот на постапките.
  • Едукација и поддршка: Организирање на работилници за подигање на свеста за родово-базирана дискриминација.

Специфична цел 2 – обезбедување параправна помош и правно зајакнување за самозастапување

  • Идентификација на потребите за параправна помош во целните индустрии преку анкети и фокус групи со работници и работнички.
  • Ангажирање параправнички од заедниците, особено жени работнички со интерес за заштита на работничките права.
  • Развој на оперативни процедури и протоколи за функционирање на сервисот, вклучувајќи упатства за постапување со случаи.
  • Креирање на програма за обука која опфаќа трудово право, комуникациски вештини и етички стандарди.
  • Организирање на теоретски и практични обуки за параправничките, вклучувајќи симулации на случаи.
  • Поврзување на параправничките со искусни правници за менторство и континуирана поддршка.
  • Проценка на ефективноста на обуките и прилагодување според потребите на параправничките.
  • Изработка на распоред за редовни посети на работни места во текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
  • Организирање на средби со работници и работнички за информирање за нивните права и механизмите за заштита.
  • Обезбедување на информативни материјали со информации за работничките права.
  • Прибирање на мислења и предлози од работници и работнички за подобрување на услугите.
  • Креирање на база на податоци за евидентирање на случаи на прекршувања.
  • Утврдување на процедури за собирање и чување на информации за секој случај.
  • Идентификација на трендови и повторливи прекршувања за насочување на застапувачките активности.
  • Подготовка на периодични извештаи за интерна употреба и за информирање на релевантни институции.
  • Организирање на месечни состаноци за размена на информации и координација на активности.
  • Дискусија на предизвици и успешни практики во обезбедувањето на параправна помош.
  • Заедничко планирање на идни активности и стратегии за застапување.
  • Континуирана едукација и ажурирање на знаењата на параправничките.
  • Собирање на информации од теренот за актуелни проблеми со кои се соочуваат работниците и работничките.
  • Изработка на предлози за промени во политики и закони базирани на собраните информации.
  • Организирање на средби со релевантни институции за презентирање на предлозите.
  • Вклучување во кампањи за подигање на свеста за работничките права.
  • Едукација на параправничките за механизмите на ООН, ЕК и други меѓународни тела.
  • Соработка во изработка на извештаи за состојбата со работничките права.
  • Претставување на Гласен Текстилец на меѓународни конференции и форуми.
  • Воспоставување на контакти со меѓународни организации за размена на искуства и поддршка.