СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА НИКОБ ДОО

Почитувани,

Новите случувања околу Никоб обезбедување е причина за наш повторен аларм до целата македонска јавност.

Се надеваме дека надлежните ќе осетат минимум одговорност да одговорат и да реагираат.

Дел од состојбите со кои се соочуваат вработените од Никоб се нередовна и незаконска исплата на плата, односно се поминува мпин од 100 денари до 15ти во месецот , а подоцна и исплата до минимална плата без никакви додатоци и надоместоци од плата како што се минат труд, работа во смени, прекувремена работа, работа во недела или на празник.

Како лани по завршувањето на корона кризата што се правеше притисок на вработените од Никоб Лаб и Никоб Медикал, повторно на работниците кои вршат физичко обезбедување на објекти на државна управа, односно минатонеделниот настан со обезбедувањето на Општината Штип, им се прават притисоци за да потпишат спогодбен отказ, а откако тие не потпишаа бидејќи имаат важечки договори за работа, сега Никоб врши прераспоредување на работните места, од Пробиштип се бара да одат да обезбедуваат во Куманово и слично се со цел да се откажат од своите права и подлегнат на притисоците за да потпишат сами спогодбен отказ.

Па да ја прашаме Владата и Службата за општи и заеднички работи кои го склучиле договорот, а кој исто е ТАЕН, деловни тајни и слично со пари од нас граѓаните платен секако, зошто не реагираат на овие злоупотреби и кршења на правата на вработените кои се 163 на број, за конкретниот тендер и договор за обезбедување, бидејќи во членот 5 став 6 од истиот, стои дека е валиден до септември 2024 или до исцрпувања на средствата односно скоро 200 милиони денари.

На што се потрошени тие средства кога работниците едвај минималец земаат, им се касни плата, немаат здравство, немаат никакви додатоци и надоместоци од плата, земаат К15 од 100 денара и секој 15 а сега мине и 15ти а не се пушта ни 100 денара мпин низ системот за ујп во име на плата. Да ја прашам ВЛАДА и службата каде се исцрпени парите, мислат ли дека се нивна своина народниот буџет и прритоа дозволуваат вакво кршење на правата на 163 луѓе и играње со егзистенција на тие 163 фамилии, играње со законите, со народниот буџет и институциите?

Ве молиме како јавност да ги побараме заедно одговорите и бараме одговорност од Владата, Службата за општи и заеднички работи на Владата како и од компанијата Никоб ДОО!?

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post