Повик за учество на обука за врснички едукатори/едукаторки на теми од Законот за работни односи, дискриминација и мобинг/булинг

          Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип, објавува повик за средношколци за учество на работилница за врснички едукатори/едукаторки на тема: Едукација на 15/20 врснички едукатори/ки во врска со Законот за работни односи, дискриминација и мобинг/булинг, кои подоцна ќе едуцираат над 150 млади од Источен регион во рамките на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Olof Palme Internacional Center и Шведска.

Компоненти на обуката:

Дел 1: Пријавување и селекција;

Дел 2: Обуки за селектираните врснички едукатори од средните училишта од наведените градови (еднодневна во Штип);

Дел 3: Врснички едукации од страна на обучените едукатори во нивните матични училишта.

Ги повикуваме да се пријават сите заинтересирани средношколци од општините од источниот и вардарскиот регион (Штип, Кочани и Свети Николе) најдоцна до 10 септември 2023 година, кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се средношколци во општините во наведените градови во тековната и во наредната учебна година (2023/24);
  • Да се мотивирани и амбициозни да водат врснички работилници со средношколци во нивните училишта.

За работилницата ќе бидат селектирани најмалку по двајца ученици од секое училиште во општините наведени во повикот.

Трошоците од самата обука ќе бидат покриени од страна на Гласен Текстилец.

Пријавувањето се врши со пополнување на следниов линк: Формулар за пријавување.

Повеќе информации можете да добиете на електронската адреса: info@glasentekstilec.mk или телефонски на 075 316 109.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post