Одржана обука за врснички едукатори за теми поврзани со законот за работни односи, дискриминација, меѓуврсничко насилство и мобинг

На 02 ноември 2023 година, во просториите на Гласен Текстилец, се одржа обука за обучување на 10 врснички едукатори за теми поврзани со законот за работни односи, дискриминација, меѓуврсничко насилство и мобинг.

Преку интерактивни работнилници учесниците од градовите на источниот регион (Штип, Кочани и Свети Николе) се запознаа со законот за работни односи (ЗРО), со поимот и видовите на дискриминација, со поимот мобинг, како и со многу важната тема меѓуврсничко насилство и негова превенција.

Во периодот што следи, обучените врснички едукатори, ќе го пренесат своето знаење на нивните соученици.

Материјали:

Работилниците се поддржани од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post