„Социјален дијалог и придонесот на граѓанските организации во неговото јакнење“

Претседателката на Гласен текстилец Кристина Ампева учествуваше на настанот за вмрежување на ЛЕСС „Социјален дијалог и придонесот на граѓанските организации во неговото јакнење“. Младинскиот културен центар – Битола во соработка со партнерските организации Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар, Центарот на заедницата на Општина Струга, Мултикултура од Тетово, Сојуз за превенција против малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци и Организација на жени на Општина Свети Николе го организираа настанот за вмрежување наменет за Локалните економско-социјални совети на Општините Битола, Струга, Тетово, Гостивар, Штип, Ресен, Кавадарци и Свети Николе.

Целта на настанот за вмрежување е да се зајакнат меѓусебните односи, соработката и трансферот на знаење помеѓу членовите на Локалните економско-социјални совети, што ќе овозможи поефективно справување со предизвиците со кои се соочуваат локалните заедници и властите во однос на различни прашања од социјално-економската сфера како што се: работничките права, социјалните права,  ефектите од мерките за вработување, несигурна работа, образовни мерки и иницијативи итн.

Настанот за вмрежување се реализира во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Bisera Kaftanova

PR Visibility Coordinator

Related Post