Настани во текот на септември и октомври 2023г.

Листа со настани во текот на месец септември 2023 година:

  1. Обука за корупција, антикорупциски мерки, младински иницијативи;
  2. Го објавивме општинскиот литературен награден конкурс за песна и краток расказ на тема „ШТО Е ПРАВДАТА?“. Конкурсот го распишуваме во соработка со НУ-У Библиотека „Гоце Делчев” од Штип;
  3. Работилница организирана од Народен Правобранител / Avokati I Popullit во Општина Штип. #РодовоБазиранаДискриминација
  4. REGIONAL FORUM: GENDER EQUALITY IN THE EU ACCESSION; Слики;
  5. Gender Assessment Workshop organized by the Olof Palme International Center, Скопје;
  6. Работилница за уметност преку вештачка интелигенција: Секоја работничка, може да биде и уметница;

Листа со настани во текот на месец октомври 2023:

  1. Текстилијада 7;
  2. Прес-конференција по повод Текстилијада 7 / Textilijada 7, 2023
  3. Студиската посета на гостите од Борос, Шведска започна со прием во кабинетот на Градоначалникот, Иван Јорданов, заедно со претставниците на Општина Штип и претставници од #ГласенТекстилец;
  4. Откривање на мурал: „Текстилна работничка во минатото или иднината“;
  5. Со Делегацијата од Борос, Шведска имавме можност да ги посетиме комплексите на Eam T Shirts Maici и Astibo Basic,
  6. Панел дискусијата на тема: „Дискриминација на работното место, Комисија за заштита и спречување на дискриминација“; Видео;
  7. Откривање на уметничко дело “Корени на традицијата“, заедно со Амбасадорката на Шведска во земјава, Н.Е. Г-ѓа Ами Ларсон Јаин;
  8. Панел: „Одржливата мода низ призмата на брендовите и концептот на Борос“, Видео;
  9. Интернационалниот форум: Презентација на падот и подемот на текстилната индустрија во градот Борос;
  10. Учениците од основните и средните училишта од Штип твореа на темата “Што е правдата?!”, во рамките на распишаниот општински литературен конкурс по повод Текстилијада 7 / Textilijada 7, 2023. Оваа година ни пристигнаа 37 литературни творби во двете категории, во категоријата за основно и во категоријата за средно образование;
  11. Уметничката изложба е изработена со помош на вештачка интелигенција од страна на реномираниот уметник, Gjorgje Jovanovik. Темата на изложбата беше „Правдата на текстилните работнички“;
  12. Панел дискусија: „Правда, судство и работнички права“; Статија;
  13. Панел: “Open Balkan (Отворен Балкан) и работничките права-Трка до дното“; Слики;
  14. Работнички пикник и посета на античкиот град Баргала, како дел од Текстилијада 7 / Textilijada 7, 2023;
  15. Изложба на стрипот “Супер работничка”, автор на стрипот е графичкиот дизајнер Никола Костовски;
  16. Промоција на годишниот весник „Текстилец“. Овој весник е посветен на работниците во текстилната индустрија;
  17. #МреженСостанок 2.0 The Kvinna till Kvinna Foundation; Слики;
  18. Доделена Втората благодарница на претседателката на Здружението „Гласен текстилец“, по повод Меѓународниот ден на руралната жена, 15 октомври. Изминативе години посветено работиме на подобрување на правата на текстилните работнички и само да напоменеме дека најголем дел од нив се рурални жени;
  19. На 17 октомври (вторник), 2023 година, во организација на Реактор – Истражување во акција, во просториите на Јавна Соба (Public Room), се одржа панел дискусија на тема: „Родово-базирана дискриминација на работното место – искуства и примери за унапредување на родовата еднаквост во Северна Македонија“;
  20. Во периодот од 13 до 15 октомври 2023 г. здруженијата Форум-Центар за стратешки истражувања и документација (Forum-CSRD / Форум-ЦСИД), Центар за европски развој и интеграција (Center for European Development and Integration) и Импетус (Impetus) во Велес ја реализираа четвртата обука за младински активизам против корупцијата. На обуката учествуваа дваесетина млади луѓе, помеѓу кои учество земаа и дел од волонтерите на #ГласенТекстилец, кои во текот на трите дена се здобија со знаења и вештини за организирање локални иницијативи кои ќе го имаат фокусот на борба против корупцијата;
Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post