Кристина Ампева од Гласен Текстилец беше една од панелистите на дебатата “Истражување на пристапи за елимирање на прекршувањата на работнички права преку достапните механизми за поплаки и жалби од работниците”

Гласен Текстилец рамо до рамо со меѓународните организиции беа дел од сесијата на ОЕЦД Меѓународниот форум за Корпоративна Должна Одговорност во текстилната индустрија, кој се одржува во Париз од 19-23 Февруари 2024.

Кристина Ампева од Гласен Текстилец беше една од панелистите на дебатата “Истражување на пристапи за елимирање на прекршувањата на работнички права преку достапните механизми за поплаки и жалби од работниците”, заедно со претставници од Европскиот центар за уставни и човекови права, Fair Wear Foundation, како и членови на ОЕЦД за Корпоративна одговорност на бизнис практиките.

На сесијата, нашата претставничка ги сподели локалните и национални механизми за заштита на работничките права, работата на Гласен Текстилец и улогата која ја има во државава во недостиг на политичка волја и вистинско синдикално делување за подобрување на состојбите со работничките права во текстилната и чевларската индустрија.

Беа истакнати постигнувањата на здружението изминатите години во институционалните и судски лавиринти, но и застапувањето кај странските модни брендови кои донесоа победа и остварувања на правата на стотици работници од овој сектор.

Од нејзина страна посебно беше нагласена потребата од корпоративна должна одговорност од страна на брендовите во нивниот синџир на производство, во услови кога Македонија не е членка на ЕУ и не можеме да се повикаме на многу законски регулативи кои ги уживаат работниците од државите кои се членки на Европската Унија.

Повеќе линкови:

// EN //

  1. Parallel Session: Where to turn to? Exploring access to remedy for workers across grievance mechanisms
  2. https://www.fairwear.org/stories/fair-wear-at-the-oecd-forum-on-due-diligence-in-the-garment-and-footwear-sector-2024
  3. https://www.linkedin.com/feed/update/urn:li:activity:7166476781577846785/
Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post