Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, распишува оглас за вработување на правник/чка. Огласот можеш да го погледнеш на линкот.
Испрати ни CV и кратко мотивационо писмо на: vrabotuvanje@glasentekstilec.mk до 25 декември 2023.
Тимот на Гласен Текстилец ќе води краток разговор со пријавените кандидати (online или во просториите на Гласен Текстилец).
За сите дополнителни информации можеш да ни се обратиш на: vrabotuvanje@glasentekstilec.mk
Гласен Текстилец нуди еднакви можности за сите заинтересирани и не дискриминира по ниту еден основ при вработувањето.
Вработувањето го реализира здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ во рамките на проектите: „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“, финансиски поддржан од Шведската фондација Kvinna till Kvinna и Шведска, проектот „Организирани граѓани за организирана иднина 2024“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар Olof Palme и Шведска. И, преку институционалната поддршка од оперативниот грант за Гласен Текстилец. Проектот е поддржан со оперативен грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.