Претседателката на Гласен текстилец Кристина Ампева учествуваше на настанот за вмрежување на ЛЕСС „Социјален дијалог и придонесот на граѓанските организации во неговото јакнење“. Младинскиот културен центар – Битола во соработка со партнерските организации Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар, Центарот на заедницата на Општина Струга, Мултикултура од Тетово, Сојуз за превенција против малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци и Организација на жени на Општина Свети Николе го организираа настанот за вмрежување наменет за Локалните економско-социјални совети на Општините Битола, Струга, Тетово, Гостивар, Штип, Ресен, Кавадарци и Свети Николе.
Целта на настанот за вмрежување е да се зајакнат меѓусебните односи, соработката и трансферот на знаење помеѓу членовите на Локалните економско-социјални совети, што ќе овозможи поефективно справување со предизвиците со кои се соочуваат локалните заедници и властите во однос на различни прашања од социјално-економската сфера како што се: работничките права, социјалните права, ефектите од мерките за вработување, несигурна работа, образовни мерки и иницијативи итн.
Настанот за вмрежување се реализира во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.